Мерц: Германија мора да ја предводи електрификацијата на автомобилската индустрија

Од:

Германија мора да ја преземе водечката улога во транзицијата на автомобилската индустрија кон електрична мобилност, изјави денес канцеларот Фридрих Мерц на отворањето на Саемот за автомобили во Минхен, кој се одржува од 9 до 12 септември.

Сакаме да ја обликуваме трансформацијата на автомобилската индустрија, а не само да ја следиме, и да ги искористиме одличните можности што оваа трансформација им ги нуди на германската автомобилска индустрија и на Германија како целина, рече Мерц.

Германскиот канцелар најави дека во следните недели ќе се сретне со производители на автомобили, добавувачи и други претставници на автомобилската индустрија за да разговараат за предизвиците со кои се соочуваат, пренесува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Мерц: Кина се проби во редовите на големите сили, водство на САД е доведено во прашање

Спречен напад врз авионот на Фридрих Мерц

Мерц: Се солидаризираме со Гренланд и Данска

Мерц: Бескаматниот заем за Украина е политичка порака до Русија

Мерц интензивира дипломатски напори за замрзнатите руски средства пред самитот на ЕУ

Мерц: Путин има амбиции за обнова на Советскиот Сојуз