Мелони застана во одбрана на Ле Пен. „Се одземаат правата на милиони граѓани“

Од:

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ја критикуваше одлуката на францускиот суд со која ѝ забрани на лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен да се кандидира на претседателските избори во 2027 година.

„Не ги знам деталите за обвиненијата против Марин Ле Пен, ниту причините за ваквата сурова одлука, но мислам дека никој што се грижи за демократијата не може да се радува на пресуда која ќе влијае на лидер на голема партија и ќе ги одземе правата на милиони граѓани“, рече Мелони во интервју за италијанскиот весник „Ил Месаџеро“.

Мелони, која важи за најмоќниот десничарски лидер во Европа, со оваа изјава застана во одбрана на француската политичарка, која во понеделникот од парискиот суд беше прогласена за виновна за проневера на средства на Европската унија.

Ле Пен е осудена на четири години затвор, од кои две ќе поминат под електронски мониторинг во домашен притвор, додека две години се условни. Покрај тоа, таа е казнета со 100.000 евра и забрана за учество на избори во следните пет години.

Доколку пресудата остане во сила, Ле Пен нема да може да учествува на претседателските избори во Франција во 2027 година, каде што важеше за еден од главните фаворити.

По пресудата, многу политички сојузници на Ле Пен во Европа изразија незадоволство, а одлуката беше критикувана и од Илон Маск, советник на актуелниот американски претседател Доналд Трамп. Трамп ја коментираше пресудата како „многу важна работа“.

Ле Пен се појави на француската телевизија во понеделникот вечерта и рече дека нема намера да се повлече од политиката. „Се борам, нема да дозволам да ме исфрлат од игра“, изјави Ле Пен. „Нема шанси да се повлечам“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Ле Пен: Мирно ќе се борам против судската пресуда, инспирирана сум од Мартин Лутер Кинг

Горан Наумовски

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Мелони: Новите американски царини за ЕУ ​​се грешка

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“