Мелони: Започнува нова фаза од конфликтот во Украина

Од:

Италијанскиот премиер Џорџa Мелони изјави дека започнува нова фаза од конфликтот во Украина, благодарение на американскиот претседател Доналд Трамп и застојот на теренот.

Мелони го изјави ова за време на самитот во Белата куќа, на кој присуствуваа претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, претседателот на Украина, Володимир Зеленски и европските лидери, а на кој се разговараше за безбедносните гаранции за Киев по војната, како и за можниот претстоен самит меѓу Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин, по кој би можел да следи трилатерален состанок со Трамп, пренесува Анса.

Денес, по три години започнува нова фаза, благодарение на Трамп и благодарение на застојот на теренот“, рече Мелони по средбата со Трамп, Зеленски, како и со британските, француските, германските, финските и лидерите на ЕУ и НАТО во Белата куќа.

Како што истакна таа, ќе се разговара за гаранциите за да се осигури дека ова никогаш повеќе нема да се случи.

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека најдоброто место за потенцијални разговори меѓу Путин и Зеленски, кои би можеле да се одржат до крајот на август, би бил швајцарскиот град Женева.

Женева би можела да биде вистинското место за разговори меѓу Путин и Зеленски. Италија е за тоа тие да се одржат во Женева, бидејќи е земја која отсекогаш работела на градење мир“, рече Тајани.

Според него, Рим би бил и идеално место, што го сакаа Американците, Украинците и другите, но постои прашањето за Меѓународниот кривичен суд, така што тоа дополнително би ја комплицирало ситуацијата.

Верувам дека Женева би можела да биде најдоброто место. Италија е за тоа и денес ќе го информирам (швајцарскиот министер за надворешни работи Игнатиј) Касис за тоа“, рече Тајани.

Би можело да ве интересира

Мелони е нервозна поради одмаздничките мерки на Русија

Мелони бара зголемен притисок врз Москва за да прекине огнот во Украина

А1он

На страотен начин убиено куче спасувач во Италија, и премиерката Мелони се прости од него

Италија: Новите цели за трошење на НАТО се прифатливи за нас

Г7: Мелони предложи заедничка иницијатива за прекин на огнот во Појасот Газа

А1он

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он