Мексико призна: Бројот на починати од Ковид-19 е за 60 посто повисок од официјалната бројка

Од:

Мексиканската влада призна дека вистинскиот број починати од Ковид-19 е 321.000, речиси 60 отсто повеќе од официјалната бројка од 201.429.

Во Мексико се прават малку тестови и бидејќи болниците се преплавени, многу Мексиканци умираат дома без да се тестираат. Единствениот начин да се добие појасна слика е да се истражи вишокот смртни случаи со проверка на посмртниците.

Вчера, мексиканската влада тивко објави таков извештај, откривајќи дека има 294.287 смртни случаи поврзани со Ковид-19 од почетокот на пандемијата до 14 февруари. Од 15 февруари наваму, има дополнителни 26.772 потврдени смртни случаи од ковид-19.

Со новата бројка на смртни случаи, Мексико се израмни со Бразил, кој е втор по вкупниот број смртни случаи во светот по САД. Но, Мексико со популација од 126 милиони жители е далеку помала земја од Бразил и САД.

Би можело да ве интересира

Мексико и Бразил во хаос, над 1000 мртви од Ковид-19 дневно

Мексиканскиот претседател Обрадор е позитивен на коронавирус