Мексико и Бразил во хаос, над 1000 мртви од Ковид-19 дневно

Од:

Во последните 24 часа во Мексико има 9741 нов случај на Ковид-19, починале 1214 пациенти соопшти Министерството за здравство. Од почетокот на пандемијата во Мексико има вкупно 1 988 695 регистрирани случани, а битката со болеста ја загубија вкупно 173 771 лице.

Со зголемувањето на бројките на новозаразени и на починати во последниот период Мексико е на третото место во светот зад САД и зад Бразил. Властите соопштија дека бројката на заразени и на починати веројатно е и поголема од официјалните податоци затоа што во земјата се прават многу малку тестови.

Во последното деноноќие Бразил пријави нови 44 299 случаи. И во оваа земја има повеќе од 1000 починати за 24 часа. Вкупната бројка на регистрирани случаи заболени од Ковид-19 е 9,8 милиони.

Би можело да ве интересира

Над 100 милиони случаи на заразени со Ковид-19 на американскиот континент од почетокот на пандемијата

Министерот за здравство на Бразил позитивен на коронавирус на патувањето во ОН

Бразилец примил пет дози вакцина против Ковид-19, го фатиле во шестиот обид

ВИДЕО: Корупциски скандал со набавката на вакцини во Бразил, илјадници демонстранти бараат да си замине „геноцидниот“ Болсонаро

Бразил ја надмина бројката од половина милион починати од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Бразилскиот Сенат отвори истрага за Болсонаро за неговото управување со пандемијата