Меѓународниот кривичен суд почна истрага за воени злосторства во Украина

Од:

Меѓународниот кривичен суд (МКС) ќе се приклучи на тимот на ЕУ формиран минатиот месец за да ги испита наводите за воени злосторства во Украина.

Обвинителот од МКС Карим Кан и главните обвинители на Литванија, Полска и Украина денеска потпишаа договор за прво учество на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во истражниот тим, соопшти Евроџаст – Агенцијата на Европската унија за соработка во кривичното правосудство. Агенцијата прецизира дека заедничките напори ќе испратат „јасна порака дека ќе се вложат сите напори“ да се соберат докази и одговорните да се изведат пред суд.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) истражува и гони осомничените поединечни воени злосторници кои не се изведуваат пред националните судови. На почетокот на март, главниот обвинител на МКС, Карим Кан соопшти дека планира да почне истрага за настаните во Украина „што е можно поскоро“, откако 39 земји повикаа да се спроведе истрага.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала