Медведев верува дека планот на Анан се уште не е исцрпен

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев верува дека планот на пратеникот на ОН и на Арапската лига Кофи Анан не е исцрпен и дека сириските власти и опозицијата треба да седнат зад преговарачка маса и да го окончаат судирот.

Во интервју за лондонски „Тајмс“, Медведев напомена и дека не е „неумерен оптимист“, бидејќи ситуацијата во Сирија е многу тешка.

Рускиот премиер смета дека за сегашната ситуација се одговорни двете страни.

„Незнам каква ќе биде точно конфигурацијата на политичките сили во Сирија. Не знам ниту кое е местото на сирискиот претседател Асад во таа конфигурација“, рече Медведев напоменувајќи дека одлуката за тоа треба да ја донесе сирискиот народ.

Според него, разликите во ставовите на Русија и Велика Британија и САД за решение на кризата во Сирија не се толку големи колку што изгледаат.

„Сите веруваме дека најлошото сценарио за Сирија би било сеопшта граѓанска војна а во моментот таму постои навестување за граѓанска војна“, рече Медведев.

Тој појасни дека разликата меѓу рускиот и британскиот став е тоа што Москва смета дека преговорите се единствен пат кон решение. – Нашите партнери повикуваат на одлучна акција. Во ваква ситуација се поставува прашањето – каде се завршуваат резолуциите а почнуваат воените операции. Сите тоа го видовме кога се носени резолуции за Либија. Се на крајот заврши со меѓународна интервенција. Тоа е лош пат кој никој не го сака, рече рускиот премиер.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот