Мечка уби жена во Канада

Од:

Американска црна мечка уби една жена од Минесота, САД, на островот Ред Пајн, кој е во канадските води. Полицијата во Онтарио наведува дека вакви напади се исклучително ретки.

Кетрин Свет-Милер (62) била на гости кај своите родители на островот кога се случил нападот. Таа излегла во неделата навечер кога го чула лаежот на нејзните две кучиња, но не се вратила, пренесува „Стар трибјун“.

Во изјава на надлежните органи се вели дека тамошните жители најчесто реагираат на нередот што мечките го прават околу ѓубрето, но досега напади врз луѓе не се пријавени.

Би можело да ве интересира

Кина воведува царини за Канада

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе

Трудо: Трговската војна би можела да продолжи во догледна иднина

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада