Маж во Виена се обидел намерно да прегази пешаци, извикувајќи „Алах акбар“

Од:

Еден маж од турско потекло вчера со својот автомобил се обидел да прегази пешаци во Виена, јави Танјуг.

Извикувајќи низ прозорецот од автомобилот „Алах акбар“, тој влегол на плоштад каде се упатил кон пешаците со намера да ги прегази, а тие , за среќа, успеале да го избегнат возилото.

Четири патроли на полицијата, што биле повикани од очевидците, успеале да го запрат родениот Виенчанец, кој на задното седиште имал Куран, пренесоа австриските медиуми.

Овој инцидент потсетува на масакрот што лани го стори Ален Ризвановиќ од Грац, кој денеска е осуден на казна доживотен затвор. Имено, Ризвановиќ пред повеќе од една година со својот џип намерно прегази пешаци во  центарот на Грац, усмртувајќи  три лица и повредувајќи повеќе од 50.

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски