Маж во бес уби шест лица во Доминиканската Република, пред да биде застрелан од полицијата

Од:

Машко лице во Доминиканската Република уби шест и рани уште осум други, во вчерашното дивеење во градот Игуеј, пред да биде застрелан од полицијата, јавија локалните медиуми, пренесе ДПА.

Мажот (39) во овој град Игуеј на истокот на карипската земја прво ја застрелал својата сопруга, предизвикувајќи и сериозни повреди, пред да почне неселективно да пука кон луѓето околу него, јави весникот „Диарио Либро“, повикувајќи се на полицијата.

Пред да биде убиен во размена на оган со полицијата, напачачот успеал да застрела шест лица и да повреди други осум лица, пренесе ДПА.

Иако стапката на убиства во оваа карипска земја значително е намалена во последните години, ваквите насилни акти на злосторство остануваат вообичаена пракса во Доминиканската Република.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27

А1он

(ВИДЕО) Ноќниот клуб во кој падна покривот и усмрти 18 луѓе работи 50 години

А1он

ВИДЕО: Обилен дожд, поплави и ветрови од 169 километри на час во Доминиканската Република и целосно затемнување во Порторико

Ана Ололовска

Доминиканска Република прогласи вонредна состојба

Ана Ололовска

Коронавирусот ги одложи изборите во Доминиканска Република

Ана Ололовска

Ураганот Марија достигна петта категорија и е исклучително опасен

Ана Ололовска