ФОТО: Маж два дена поминал заглавен во одвод за масти на кров на ресторан

Од:

Полицијата во Сан Франциско во Калифорнија била зачудена кога во одвод од масти на еден кинески ресторан пронашла возрасен маж.

Спасувачката екипа реагирала на повик на граѓанин од соседната зграда, кои пријавиле дека слушнале тивко плачење.

Мажот бил видно исцрпен и дехидриран, но се очекува дека целосно ќе се опорави.

Полицијата не е сигурна како успеал да се заглави во одводот, но се сомневаат дека се обидувал да влезе во ресторанот.

Спасувачите кои дошле во ресторанот во утринските часови, следеле од каде доаѓа гласот и откриле дека доаѓа од кровот на ресторанот, каде што го пронашле 29-годишниот маж.

Бил целосно неподвижен и прекриен со масло, бидејќи се заглавил во одводот за фрлање масти, рекоа од канцеларијата на шерифот.

На пожарникарите им требало речиси цел час за да го извлечат мажот, кого потоа го пренесле во болница.

Би можело да ве интересира

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

Кина возвраќа на американските царини со ограничување на увозот на холивудски филмови

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски