Масовно тестирање на 1,3 милиони жители во централниот дел на Шангај

Од:

Властите на кинескиот град Шангај денеска наредија масовно тестирање за Ковид-19 на 1,3 милиони жители на централната област Јангпу.

Тестираните не смеат да го напуштат нивниот дом до добивањето на резултатите.

Слични мерки беа воведени и за време на летото, кога дојде и до двомесечно затворање на целиот град од 25 милиони жители.

Кина не се откажува од строгата политика за сузбивање на епидемијата на коронавирусот. Антиковид мерки се воведени низ целата земја, од Шангај на исток до Тибет на запад. Во земјата најавени се и протести поради строгите карантински мерки.

Во Кина денеска имаше регистрирано 1.337 нови и главно асимптоматски случаи со коронавирус. Смртни случаи не се евидентирани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинески епидемиолог: 80 отсто од населението веќе имало корона, втор бран е малку веројатен

Во Пекинг расте бројот на починати од Ковид-19

А1он

Кина објави рекордни 32.695 случаи на инфекција со коронавирус

А1он