Кина објави рекордни 32.695 случаи на инфекција со коронавирус

Од:

Кина денеска пријави 32.695 случаи на заразени со коронавирус, не сметајќи ги увезените инфекции, што е нов рекорден број заразени со Ковид, објавија здравствените власти во земјата.

Од тој број, 3.041 пријавени случаи биле симптоматски, а 29.654 асимптоматски.

Овој рекорд следеше откако вчера беа регистрирани 31.144 случаи на заразени, што е најголем број од средината на април, кога беше прогласен карантин во Шангај, а градот беше затворен два месеца.

Повеќето од новите случаи се регистрирани во јужниот град Гуангжу и југозападниот Чонгкинг.

Пекинг пријавил 424 симптоматски и 1.436 асимптоматски, а Шангај девет симптоматски и 77 асимптоматски случаи на инфекција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинески епидемиолог: 80 отсто од населението веќе имало корона, втор бран е малку веројатен

Во Пекинг расте бројот на починати од Ковид-19

А1он

Масовно тестирање на 1,3 милиони жители во централниот дел на Шангај

А1он