Масакр во училиште во Кина: Со секира убил три деца и повредил најмалку 13

Од:

Три деца денес се убиени, а најмалку 13 се повредени кога еден човек вооружен со секира го нападнал основното училиште во јужна Кина, објавија денеска кинеските државни медиуми.

Еден маж, идентификуван како Ву, нападнал група деца кои се наоѓале во училница во училиштето во Пингнан, во автономниот регион Гуагси, јави новинската агенција Синхуа.

Напаѓачот, за кој се наведува дека е ментално болен, беше уапсен во краток рок, пренесе АФП.

Во изминатите две години, во Кина има се повеќе фатални напади врз деца во градинките и училиштата, вклучувајќи ги петте инциденти во 2010.година во која загинаа вкупно 15 деца и двајца возрасни, а беа повредени повеќе од 80 лица.

Властите ги засилија безбедносните мерки околу училиштата поради ваквите нападит и се обидуваат да ги утврдат причините за ваквите злосторства.

Нивото на насилство во Кина се зголеми во последниве децении, заедно со развојот на економијата и растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните.

Истражувањата покажуваат зголемен број на душевно болни луѓе , што некои експерти го поврзуваат со стресот од забрзаното темпо на живот и исчезнувањето на социјалистичкиот систем на поддршка.

Властите, меѓутоа, тврдат дека убиствата, за кои со закон е пропишана смртна казна, се уште се поретки отколку во западните земји.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски