Масакр во Сирија, убиени 370 луѓе

Од:

Во градот Дараја, југозападно од сирискиот главен град Дамаск, како што јавуваат активистите за човекови права, пронајдени се околу 370 тела.

Сириската Опсерваторија за човекови права, соопшти дека најголемиот дел од жртвите се веројатно убиени за време на офанзивата на сириската армија во текот на изминатите денови. Владините трупи, како што тврдат сириски активисти, пред пет дена почнала голема офанзива во Дараја за да ги протераат бунтовниците од градот, кој инаку има околу 200.000 жители. Опсерваторијата за човекови права своите податоци ги потпира врз изјави на бунтовници и на очевидци. Оваа бројка, како и претходните извештаи, не може да се провери од независни извори, бидејќи на странските новинари им е забранет пристапот во областите во кои се водат судирите.

Сириските опозициски активисти ја обвинија притоа армијата дека извршила масакр во градот Дараја.

„Асадовата армија во Дараја извршила масакр”, вели за Reuters Абу Кинан, кој се претставува како активист во Дараја кој се користи со измислено име за да се заштити од одмазда.

Во 18-месечниот бунт на сириската вооружена опозиција на мнозинското сунитско население во Сирија против власта на претседателот алавитот Башар ал-Асад, загинале на двете страни повеќе од 25 илјади луѓе. Според Обединетите нации, пак, бројот на жртвите од борбите во Сирија е околу 18 илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка