Масакар во Сирија, најмалку 30 убиени, над 100 се повредени

Од:

Најмалку 30 лица се убиени, а повеќе од 100 се повредени во вооружени судири меѓу локалните милиции и племиња во градот Сведа, во јужна Сирија, соопшти денес сириското Министерство за внатрешни работи.

Судирите, според Ројтерс, избувнале во градот, кој е претежно населен со друзи, а според сегашните податоци, бројот на жртвите би можел да биде поголем.

Министерството соопшти дека безбедносните сили ќе интервенираат директно за да ги прекинат судирите и да го вратат мирот и редот во областа.

Би можело да ве интересира

Ал-Шара од Москва ќе бара да го екстрадира соборениот сириски претседател Башар ал-Асад

Асад преживеа труење, случајот предизвика бројни шпекулации

Нетанјаху: Израел нема намера да се откаже од тампон зоните во Сирија

Израелски напад во близина на Дамаск загинаа осум сириски војници

Израелски беспилотни летала ликвидираа сириски војници

(ВИДЕО) Американската војска уби висок лидер на ИСИС во Сирија