Марта Кос изрази длабоко жалење за трагедијата во Кочани

Од:

Еврокомесарката за проширување Марта Кос изрази „длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и упати сочувство за жртвите.

– Длабоко натажени од трагичниот пожар во Кочани, Северна Македонија, кој однесе животи на премногу млади луѓе, наведе Кос во објава на Икс.

Изразувајќи сочувство за загинатите, Кос наведува дека нејзините мисли се „со жртвите, нивните најблиски и целата заедница за време на оваа страшна трагедија!“.

Најмалку 51 лице загина, а над 100 се повредени во пожар што се случи синоќа во дискотека во Кочани.

Би можело да ве интересира

Марта Кос одржа почетни разговори со „Студентската листа“ во Брисел

ЕК воведува три новини во Пакетот за проширување – патокази, постепена интеграција и безбедносен фокус

Кос: Извештајот за проширувањето содржи 3 нови елементи, Србија има шанса за нов почеток

Кос повтори: Македонија треба да ја исполни обврската за завршување на уставните измени

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Марта Кос: Мојата визија е дека еден ден целиот Западен Балкан да биде дел од нашата Европа

А1он