Марија Аљехина од „Пуси рајот“ го прекина штрајкот со глад

Од:

Членката на панк групата „Пуси рајот“ Марија Аљехина денеска го прекина 11-дневниот штрајк со глад откако затворската управа ги прифати нејзините барања.

Аљехина се жалеше дека затворската управа се обидела да ги сврти другите затвореници против неа со тоа што вовела построги безбедносни мерки.

Затворениците, кои претходно можеле слободно да доаѓаат и да заминуваат од работните места, морале да чекаат и до еден час на стражарска придружба.

Аљехина, заедно со Надежда Толоконикова се осудени на две години затвор поради панк протест против рускиот претседател Владимир Путин во главната московска црква.

Би можело да ве интересира

Финска конфискуваше руски имот во вредност од 4,25 милијарди долари на барање на украински Нафтогас

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Москва: Принудувањето на Русија на мир во Украина ќе биде фатална грешка

Горан Наумовски

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Севернокорејските војници одат на линијата на фронтот во Русија

Горан Наумовски

Над 20 повредени во руските напади врз Харков, меѓу нив и пет деца