Малезискиот авион погоден со ракета

Од:

Малезискиот авион „Боинг 777“ соборен е кај Торез, во Украина, на 50 километри пред границата со Русија, токму над просторот каде што се водат борби на украинската војска и проруските сили. Украинската власт веднаш ја искористи несреќата за да ги обвини проруските сили дека го урнале авионот.

Советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Герашенко изјави дека авионот е соборен со ракета земја-воздух. Тој на својот фејбук профил напиша дека авионот е погоден со проектил од системот „бук“ кој го поседува руската армија уште од времето на СССР.

1965488_10152566655889411_5787967389617421947_o

Реагираа веднаш проруските сили од областа Донјецк кои го отфрлија обвинувањето со образложение дека не поседуваат таков противвоздушен систем.

За авионот кој леташе на висина од 10.000 метри, проруските сили тврдат дека е урнат од страна на украинската војска.

-Авионот го соборија украинските сили. Ние немаме такво оружје. Нашите ракети имаат домет од 3000 до 4000 метри, а боингот лета на многу поголема висина, рече Сергеј Кавартаџе, претставник на самопрогласената Република Донјецк.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се води вистинска битка со обвинувања кој е виновен за падот на авионот. Прво тврдењето дека авионот е соборен дојде од Русија, а несреќата беше причина веднаш да се слушнат рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Барак Обама.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми