Малер побара најмалку 19,5 години затвор за Пол Манафорт, ексшеф на изборниот штаб на Трамп

Од:

Американскиот специјален обвинител Роберт Малер кој раководи со истрагата за наводна руска вмешаност во претседателските избори во 2016 година, побара најмалку 19,5 години затвор за Пол Манафорт, поранешен шеф на изборниот штаб на Доналд Трамп.

Во допис до Окружен суд во Вирџинија обвинителите бараат затворска казна за Манафорт меѓу 19,5 и 24,4 години и парична казна од 50.000 до 24 милиоини долари.

Дописот следува неколку денови откако сојузен судија во Вашингтон пресуди дека Манафорт прекршил договор за признавање вина во паралелен предмет односно дека кажувал невистини и покрај ветување за соработка.

Манафорт е еден од првите луѓе на Трамп кои се соочија со казнени пријави во рамки на истрага за тоа дали со Русија е склучен таен договор за да победи Трамп на изборите за претсеател. Трамп отфрла каков било договор и ја нарече истрагата лов на вештерки.

Би можело да ве интересира

Во штабот на Трамп сметаат дека излезноста ќе одлучува за исходот од изборите

Американските разузнавачки агенции работат на сузбивање на руското и иранското мешање во изборите

Рафенспергер: „Неверојатните“ закани, кои накратко го попречија гласањето на две избирачки места, потекнуваат од Русија.

Трамп: Ако изборите бидат фер, подготвен сум да кажам дека сум поразен

Горан Наумовски

Трамп нема предвреме да прогласи победа

Трамп: Слушам добри вести