Поранешниот детектив во Скотланд Јард, Рој Рамм, ја повика британската полиција да го пребара напуштениот бунар, кој е на само 875 метри одалечен од станот, каде што пред повеќе од седум години исчезна Меделин Мекејн.
Бунарот е добро сокриен и одалечен од патот, а е лабок девет метри, додека нивото на водата во него изнесува четири метри. Главно го користи локалното ромско население, а португалската полиција за сите овие години не го пребарала. -Жителите но и локалните криминалци го знаат како место за уништување на докази за ситен криминал, како што се торби или други украдени предмети- вели Рој кој во полицијата работел 27 години и во текот на својот работен век се занимавал со истрага на најтешки деликти, од убиства до силувања и трговија со луѓе.
Британската полиција покрена нова истрага за исчезнувањето на Меделин, ќерката на Кејт и Гери Мекејн, која во 2007 година исчезна од нивниот апартман во португалиското летувалиште Праиа да Луз. По 14 месечна истрага, португалската полиција го затвори случајот, но минатата година британските и португалски власти одлучија повторно да започнат истрага. Е. Г.