Макрон започна преговори со пратениците од опозицијата

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон преговара со пратениците од опозицијата и предлага да се разгледаат мерките предложени од нив, во замена за ветување дека нема да бараат гласање за недоверба на владата, објави порталот „Политико“, повикувајќи се на неименувани извори.

– Не ја затвора вратата. Може да се разговара за зделки за голем број мерки во замена за ветување дека нема да се бара гласање недоверба што може да доведе до оставка на владата, рече еден од изворите.

По парламентарните избори во Франција ниту една партија не освои мнозинство. Коалицијата Новиот народен фронт освои најмногу места во парламентот и ја номинираше Луси Кастес, главен финансиски директор во кабинетот на градоначалничката на Париз, Ана Идалго, за нов премиер.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон за средбата во Ријад: Трамп може повторно да започне корисен дијалог со Владимир Путин

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Макрон предложи воена мобилизација „како што се натрупуваат заканите“

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа