Макрон утре ќе го прими Трамп, а потоа и Зеленски пред отворањето на Нотр Дам

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон утре во Елисејската палата ќе ги прими новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски, пред свеченото отворање на реновираната катедрала Нотр Дам, соопшти француското претседателство.

Не беа соопштени детали за евентуалната тројна средба на претседателот, ниту за евентуалната средба меѓу Трамп и Зеленски, која би била нивна прва средба по претседателските избори одржани во ноември во САД.

Макрон прво ќе го прими Трамп во 16 часот, а еден час подоцна и Зеленски.

Свеченото отворање на Нотр Дам ќе започне во 19:00 часот.

Изборот на Трамп, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, ја зголеми загриженоста во Европа за континуираната поддршка на САД за Украина, која е во воени проблеми против Русија.

Републиканскиот милијардер ја критикуваше американската помош која изнесува десетици милијарди долари и вети дека многу брзо ќе стави крај на војната по инаугурацијата.

Би можело да ве интересира

Макрон го отфрли клучното руско барање за прекин на огнот во Црното Море

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Макрон: Путин е ревизионистички империјалист, ја разоткривме неговата игра

Русија го нападна Макрон: Го тера Западот во светска војна

Макрон: Ако САД се откажат од Украина, на светот му се заканува катастрофа

Макрон ги повика претседателите на САД и Украина да се смират

А1он