Макрон драстично го зголеми воениот буџет на Франција

Од:

Претседателот на Франција, Емануел Макрон предложи значително зголемување на воената потрошувачка до 2030 година, земајќи го во оглед влијанието на војната во Украина и заканите ширум светот.

Макрон најави воени трошоци од 413 милијарди евра за периодот од 2024 до 2030 година, со цел, како што истакна, да се обезбеди „слобода, безбедност, просперитет и местото на Франција во светот“.

Во периодот од 2019 до 2025 година за воени трошоци беа издвоени околу 295 милијарди евра.

Макрон го најави зголемувањето на воените трошоци во говорот за новата одбранбена стратегија по војната во Украина и другите закани во новогодишното обраќање до цивилниот и воениот персонал во воздухопловната база Мон де Марсан во јужна Франција.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон го критикуваше мешањето на Маск во изборите во Европа

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Макрон прогласи национална жалост за жртвите на циклонот „Чидо“

Ле Пен: Се подготвувам за предвремени претседателски избори, времето на Макрон заврши

Горан Наумовски

Макрон: Мировниот договор во Украина мора да вклучи Украинци

Шолц и Макрон велат дека се подготвени да соработуваат со новите сириски власти

Горан Наумовски