Макрон ги повика гласачите да се соберат зад „републиканските и демократски“ кандидати во вториот круг

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика гласачите да се соберат зад „републиканските и демократски“ кандидати во вториот круг следната недела по изборниот дебакл.

Макрон разговараше за новинската агенција АФП веднаш по објавувањето на предвремените излезни анкети. Воедно, францускиот претседател го поздрави високиот одѕив на гласачите во денешниот прв круг.

Националниот собир предводен од Марин Ле Пен и Џордан Бардела, да потсетиме, на вонредните парламентарни избори според првите излезни анкети освои околу 34 отсто од гласовите.

Втор е левичарскиот Нов народен фронт со 28,1 отсто од гласовите, додека коалицијата на Макрон е на трето место со 20,3 отсто.

Би можело да ве интересира

Макрон: Безбедносните сили ќе бидат распоредени во Украина по мировниот договор

Шојгу: Изјавата на Макрон за заштита на ЕУ со нуклеарно оружје е закана за целиот свет

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Медведев: „Еј Макрон! Внимавај со својот нуклеарен арсенал!“

Макрон: Франција и Велика Британија предлагаат еднонеделен прекин на огнот во Украина

Макрон: Не смееме да бидеме американски вазали