Маѓар разговараше со Фон дер Лајен за замрзнатите милијарди: Исклучително успешно!

Од:

Победникот на унгарските избори, Петер Маѓар, изјави дека денес имал „исклучително конструктивни и успешни“ разговори со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за замрзнатите европски средства, за кои рече дека наскоро ќе пристигнат во Унгарија.

Комисијата го блокираше пристапот до средствата бидејќи тврдеше дека владата на премиерот во заминување Виктор Орбан ги прекршила стандардите на Европската унија кога станува збор за владеењето на правото.

Некои од замрзнатите средства, како што се 11 милијарди евра од европскиот план за закрепнување од корона вирусот, мора да се повлечат до средината на август или ќе бидат неповратно изгубени.

Маѓар напиша во објава на Фејсбук по средбата со Фон дер Лајен дека ќе се врати во Брисел на крајот на мај за да склучи политички договор за замрзнатите пари.

„Европската унија не наметнува услови што би биле спротивни на интересите на нашата земја“, напиша Маѓар.

По средбата, Фон дер Лајен рече дека имала „многу добар разговор“ со Маѓар.

„Разговаравме за чекорите потребни за отклучување на европските средства наменети за Унгарија, замрзнати поради загриженост за корупција и владеење на правото“, напиша Фон дер Лајен на социјалната платформа X.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Унгарскиот премиер Петер Маѓар испрскан со вино

А1он

ВИДЕО: Трамп жестоко и се закани на Европа поради Канада

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „ЕУ се соочува со сè покомплексен свет, агресивна Русија, економски притисоци и раст на ултранационализмот“

Рокас: Фон дер Лајен се надевам ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Фон дер Лајен идниот месец во посета на Западен Балкан

А1он

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната