Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес изјави дека киднапирањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро е поврзано со предавство и заговор, и дека на неговата сопруга Силија Флорес ѝ бeше понудено да остане во Венецуела, но таа одби.
„Сакам да разберете, сè беше таму. Договорот, парите што беа платени, вклучувајќи ги луѓето во Венецуела, и војниците и цивилите. Имаше дослух и имаше предавство. Сè беше таму“, изјави Лукашенко за новинарите по церемонијата на доделување на наградата „За духовна преродба“, пренесува агенцијата Белта.
Лукашенко навести дека евентуалната копнена операција на Соединетите Американски Држави во Венецуела ќе заврши неповолно за Американците, наведувајќи дека претседателот Доналд Трамп не го сака тоа.
