Луганск е на работ на хуманитарна катастрофа

Од:

Украинскиот град Луганск, кој е бастион на прорускиот бунт во источниот дел од земјата, е зафатен од жестоки судири и се наоѓа на работ на хуманитарна катастрофа, предупредија денеска градските власти.

Во градот недостасува вода за пиење, има проблем со снабдувањето на електрична енергија и нема доволно прехранбени производи.

– Она што се случува во Луганск е вистинска војна, во која загинаа над 100 мирни жители. По неколку месеци жестоки судири, градот е на прагот на хуманитарна катастрофа, се наведува во соопштението на градските власти.

Во Луганск, исто така, има прекин на телефонската мрежа и интернетот. Резервите на гориво се веќе потрошени, продавниците се затворени, работат само пекарите и месарниците, банкоматите се празни, а платите и пензиите не се исплатени веќе еден месец.

Пред почетокот на бунтот во Луганск живееја околу 500.000 граѓани. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми