Спасувачките тимови продолжуваат со потрагата по остатоците и црните кутии на авионот на компанијата Ер Ајша, кој со 162 лица се урна на 28 декември во Јаванското море.
Во потрагата во Јаванското море според началникот на спасувачката управа Бамбанг Соелистио учествуваат 20 авиони, 27 бродови и 14 хеликоптери. Зоната на пребарување останува иста, иако е проширена кон исток, бидејќи високите и силни бранови ги носат остатоците од леталото на таа страна.
Иако не се објавуваат официјалните причини за падот на авионот властите не ја во извештајот на индонезиската агенција за метеорологија, клима и геофизика се наведува дека е можно поради лошите временски услови авионот да се заледил и да се оштетиле моторите.
Инаку синоќа спасувачките екипи пронашле шест големи делови од леталото, при што најголемиот беше со големина од 16 на 5,4 метри, а досега се пронајдени 31 безживотно тело.