Лос Анџелес ја избра првата жена градоначалник

Од:

Градот Лос Анџелес ќе ја има својата прва жена градоначалник, по изборот на Карен Бас, предвидуваа синоќа американските медиуми.

Бас го победи Рик Карузо, милијардер во областа на недвижнини, во трката за наследник на Ерик Гарсети, објавија Ен-Би-Си и Си-Ен-Е.

– Ова е мојот дом, и со целото мое срце јас сум подготвена да служам, напиша Бас на Твитер ветувајќи дека од првиот ден ќе почне со напорна работа.

Кога Бас ја најави својата градоначалничка кампања во септември минатата година, таа рече дека главен приоритет ќе биде справувањето со кризата со бездомниците во Лос Анџелес, вториот најнаселен град во САД.

Бас, која беше претседател на државното собрание пред да биде избрана во американскиот Конгрес, беше ко-основач на Коалицијата на заедницата, непрофитна организација во Јужен Лос Анџелес, фокусирана на социјални и економски прашања.

Таа беше и во потесниот избор на американскиот претседател Џо Бајден за потпретседател во 2020 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Лос Анџелес му се заканува најлошото сценарио, помагаат пожарникари од Мексико

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Расте бројот на жртви во Лос Анџелес: Делови од градот изгледаат како бомбардирани

Катерина Ѓуровски

Лос Анџелес: Бројот на загинати во пожарите се искачи на 16, доаѓаат нови проблеми

ВИДЕО: Парис Хилтон објави снимка од уништената куќа во Малибу

(ВИДЕО) Жителите на ЛА се враќаат на уништените имоти: Како да паднала атомска бомба

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најмалку 10 жртви во пожарите во ЛА, битката со огнот продолжува