Локални избори во индискиот дел на Кашмир

Од:

Во индискиот дел на Кашмир денеска се одржуваат првите локални избори, откако е укината автономијата на регионот, под засилени безбедносни мерки.

Стравувајќи од напади на сеператистите властите распоредија десетици полицајци и припадници на паравоени сили вооружени со автоматски пушки пред секое гласачко место, додека припадници на армијата патролираат на улиците.

Поради страв од напади,од епидемијата со Ковид-19 и снегот денеска мал број граѓани излегоа да го дадат својот глас.

Тоа е прва фаза од гласањето, што ќе трае до 19 сдекември, а гласачките ливчиња ќе почнат да се бројат три дена подоцна.

Поради пандемијата со новиот коронавирус гласачките места се опремени со термометри, а на секој гласач му се дава маска и гел за дезинфекција.

Иднискиот делод Кашмир е подвисок безбедносен надзор откако владејачката Индиска народна партија (БЈП) го укина полуавтономниот статус на хималајската област и ја стави под директна управа на Владата во август 2019 година. Но, то а не ги спречи нападите од сепаратистите. Во четвртокот во Шринагар убиени се двајца индиски војници, а во средината на ноември во граничните судири помеѓу индиската и пакистанската армија загинаа 13 луѓе.

Локалните совети кои се избираат немаат овластување, но поголем број политички партии ги искористија изборите да се обединат и водат кампања за враќање на политичката автономија на регионот.

Кашмир е поделен помеѓу Индија и Пакистан, откако се земјите се стекнаа со независност во 1947година и секоја држава полага право на неговата целокупна територија.

Во индискиот дел на Кашмир дејствуваа група борци за независност, а Индија тврди дека тие имаат поддршка од Пакистан. Тие од 1989 година се борат против индиската армија, при што загинале повеќе десетици илјади луѓе, воглавно цивили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати