Ливит: САД не стојат зад нападот врз училиште во Иран, ние не ги таргетираме цивилите

Од:

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит ги негираше извештаите дека САД можеби стојат зад нападот врз основното училиште за девојчиња во Иран, во кој загинаа повеќе од 165 лица, претежно деца. Кога директно беше прашана за време на редовниот брифинг за медиумите дали американската војска го погодила училиштето, таа одговори: „Не колку што знаеме“.

Таа рече дека Пентагон моментално истражува и нагласи дека „САД не ги таргетираат цивилите“.

„Само би ви кажала многу цврсто, САД не ги таргетираат цивилите, за разлика од одметнатиот ирански режим. Би ве предупредила да не покажувате со прст кон САД кога станува збор за таргетирање цивили, бидејќи тоа не е нешто што го прават овие вооружени сили“, рече таа.

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, претходно дизјави дека се истражуваат извештаите за воздушен напад врз основното училиште за девојчиња во јужен Иран.

Тој исто така рече дека САД „никогаш не ги таргетираат цивилните цели“, но дека се истражуваат околностите на инцидентот.

Нападот врз училиштето се случил наутро на 28 февруари, кога американските и израелските воздушни напади го погодија основното училиште и градинката Шаџара Тајеб во Минаб, покраината Хормозган, при што загинаа 165 ученици и наставници.

Соединетите Американски Држави и Израел го нападнаа Иран во сабота наутро, на 28 март, во она што наводно се нарекувало „превентивни напади“, кои дојдоа откако повеќе рунди преговори за нуклеарната програма на Иран не успеаја, објави Танјуг. Потоа Иран започна масовни одмазднички напади врз Израел и цели поврзани со САД низ регионот на Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Иран се заканува дека ќе нападне израелски нуклеарен објект

Иран: 926 лица, вклучувајќи деца се убиени во американско-израелски напади

Сателитските снимки покажуваат што се Иран и уништи на Америка на Блискиот Исток

Предраг Петровиќ

Која е вистинската воена моќ на Иран: Една од најсилните армии во светот, со застарена авијација

Хегсет: Иран се обиде да го убие Трамп

Предраг Петровиќ