Литвански шпион „фатен на дело“ во Москва

Од:

Руската Федерална безбедносна служба (ФСБ) денеска соопшти дека држи во затвор литвански шпион, кој е фатен „на дело“ во Москва, за време на размена на доверливи документи.

– На 19 мај руската ФСБ уапси литвански граѓанин во Москва, кој бил службеник на литванската разузнавачка служба. Странскиот шпион е фатен на дело додека примал тајни документи од руски граѓанин, се наведува во соопштението, објавено од руските медиуми.

Во соопштението се наведува дека фатениот литвански шпион признал на офицер дека е од воената служба за разузнавање на литванското министерство за одбрана.

– Шпионот сега се наоѓа во затворот Лефортово, во Москва, се наведува во соопштението на ФСБ.

Судот подоцна наредил мажот, кој се изјаснил како Арстидас Тамошаитис да биде држен во притвор два месеци за време на истрагата, изјави портпаролката на судот.

– Литванското министерство за одбрана не ги коментира ваквите информации, изјави денеска портпаролката на министерството Аста Галдикаите во Вилнус.

Би можело да ве интересира

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он

Познат шампион е убиен во центарот на Москва

Боинг 737 на „Утер“ принудно слета на московскиот аеродром поради дефект

Горан Наумовски

Москва: Западот е свесен дека е можен колапс на украинската армија

Пожар во станбена зграда во Москва, едно лице загина

Безбедносните сили на Русија спречија масовен терористички напад во Москва

Горан Наумовски