Лисенко: Во последните 24 часа кај Доњецк убиени тројца украински војници

Од:

Украинската армија денеска соопшти дека во судирите со проруските сили во изминатите 24 часа погинале тројца нејзини војници, додека деветмина биле ранети.

– Во вооружените судури во изминатите 24 часа погинаа тројца украински војници, изјави портпаролот на украинската војска Андреј Лисенко, додавајќи дека уште девет војници се ранети.

Тој изјави дека проруските сили се се поактивни во регионот на Доњецк, каде неделава настрадале седум цивили во предградие на Мариапуљ, на брегот на Азовско Море, што се наоѓа под контрола на украинската Влада.

Лисенко, исто така, изјави дека Киев не забележал позначајно повлекување на руските војници од украинската граница, иако рускиот претседател Владимир Путин минатиот викенд издаде наредба за нивно повлекување во базите.

– Ние немаме информација дека голем број руски војници кај границата се повлекуваат на своите редовни локации. Имаше извесно движење, но не видовме повлекување, додаде тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми