Лисенко: Сепаратистите треба да се предадат, а не да предлагаат примирје

Од:

Украинските воени власти го отфрлија повикот на сепаратистите за примирје и изјавија дека тоа може да се случи само доколку тие го предадат оружјето и се предадат, соопштија британските медиуми.

Виско позициониран лидер на  самопрогласената „Доњецка Народна Република“, вчера изјави дека бунтовниците се подготвени за прекин на огнот за да се достави хуманитарна помош.

Портпаролот на антитерористичката операција на владините сили во источна Украина, Андриј Лисенко, денеска изјави дека „доколку има таква иницијатива, таа треба да биде реализирана со практични активности, а не со зборови -преку кревање на бело знаме и предавање на оружјето“.

-Уште не сме ги виделе овие практични чекори, додаде тој.

Во меѓувреме беа ослободени петмината војници на украинската армија, кои беа заддржани на руска територија, пренесоа руските меидуми, повикувајќи се на властите во руската Ростовска област.

Петмината се дел од 300-те украински војници и граничари, кои во понеделникот, во борбите со сепаратистите, беа принудени да ја минат границата со Русија. Повеќето од нив беа вратени во Украина, но петмината, еден командир на батаљон и четворица нему потчинети офицери, беа заддржани под сомнение дека убивале цивили и пукале врз руска територија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми