Лидерот на унгарската опозиција: На изборите избираме помеѓу Европа и турски совет на диктатори

Од:

Претстојните парламентарни избори во Унгарија ќе одлучат дали таа ќе се позиционира како европска земја и ќе ја оживее својата стагнирана економија со клучни европски фондови, или ќе скршне кон исток во кругот на авторитарни држави, изјави денес лидерот на унгарската опозиција, Петер Маѓар.

На изборите на 12 април, партијата Тиса на Унгарија претставува најсериозна закана за 16-годишното владеење на националистот Виктор Орбан и неговиот стил на владеење, кој тој го нарече „нелиберална демократија“.

Изборите ќе бидат и тест за европските крајно десничарски сили во време кога Европската Унија се справува со сè поагресивната Русија, војната во Украина и дипломатските и економските предизвици на филозофијата „Америка на прво место“ на Трамп.

Маѓар, поранешен член на Фидес на Орбан, го критикуваше унгарскиот премиер за време на кампањата за топли односи со Русија и другите поранешни советски републики како што се Казахстан и Азербејџан, како и одлуката на Будимпешта да стане земја набљудувач во Организацијата на турски земји.

„Ова ќе биде референдум: мислам дека е јасно дека изборот е помеѓу Европа и турски совет на диктатори“, рече Маѓар во интервју во Салготарјан, поранешниот рударски град каде што се одржа неговиот политички митинг.

„Ќе се работи за тоа дали Унгарија ќе продолжи со овие 16 години пад или ќе одиме кон Европа и развој и ќе им се придружиме на Полјаците, Словенците, Чесите и балтичките држави“ вели Маѓар.

Орбан ја претставува Унгарија како мост помеѓу „источните традиции и западните институции“ и се залага за прагматизам во остварувањето на економските интереси.

Маѓар, чија Тиса ја зголеми својата предност пред Фидес, според последните анкети, најавува дека неговата партија веднаш ќе постигне договор со Брисел за деблокирање на замрзнатите европски фондови во случај на изборна победа.

Маѓар нагласи дека неговата влада ќе обезбеди пристап до средствата од Механизмот за закрепнување и отпорност (RRF) кои беа суспендирани поради проблеми со владеењето на правото под власта на Орбан, како и до кохезионите фондови за инфраструктура.

Рокот за пристап до средствата на RRF истекува на крајот на август, по што тие стануваат недостапни. Маѓар рече дека неговата влада ќе дејствува брзо за да ги исполни условите.

„Искрено се надевам дека ќе можеме брзо да го потпишеме договорот. По принципиелниот договор, можеби дури и пред законите официјално да бидат одобрени, исплатата на средствата би можела да започне“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Маѓар бара оставка од унгарскиот претседател, во спортивно се закани со уставни измени

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

(ВИДЕО) Маѓар: Унгарија нема да биде засолниште на меѓународни криминалци

А1он

Маѓар: Владата на Тиса ќе биде влада на сите Унгарци

А1он

Кој е Петер Маѓар, новиот премиер на Унгарија?

А1он

Туск му честиташе на Маѓар: Јас сум посреќен и од тебе

А1он