Лидерот на сепаратистите во Славјанск предложи евакуација на сите жители од градот

Од:

Лидерот на „народното самоопределување“ во Славјанск, Вјачеслав Пономаров предложи од овој источен украински град да бидат евакуирани сите жители, јави ИТАР-ТАСС.

– Ние денеска предложивме да се подготви евакуација на децата и возрасните, кои сакаат да го напуштат градот, рече сепаратистичкиот лидер на Славјанск.

Според Пономаров, жителите на Славјанск можат да бидат преместени во други реони, вклучувајќи ги Свјатогорск и Брусино.

Шефот на Врховниот совет на самопрогласената „Доњецка Народна Република“, Денис Пушилин, претходно рече дека бројот на жртвите на воената операција на украинската армија, чија активна фаза почна вчера, може да достигне и до 100 лица, меѓу кои „од 20 до 50 се мирни жители“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми