Лидерите на Г-8 се подготвени да потпишат декларација за Сирија без Русија

Од:

Лидерите на Г-8, кои заседаваат во Северна Ирска, се подготвени, денеска, на крајот на самитот, да потпишат декларација за Сирија без Русија, пред се, заради длабоките разлики меѓу Западот и Москва, открија британски официјални претставници, цитирани од француските медиуми.

Декларацијата ќе опфати пет точки: пристапот на хуманитарна помош до Сирија, борбата против екстремизмот, отфрлање на употребата на хемиски оружја, барање демократски преод според либискиот модел и создавање извршна власт по овој преод.

Оваа декларација „ќе може да се реализира доколку Русија е подготвена да се ангажира во рамки на една меѓународна организација како Г-8“ за прашањето за Сирија, објасни еден од изворите.

Можно е текстот на декларацијата да биде потпишан само од лидерите на САД, Велика Британија, Франција, Јапонија, Италија и Канада.

Дебатите на вчерашниот прв ден од средбата на врвот на Г-8 ги потврдија длабоките разлики меѓу овие земји и Русија, која е главниот сојузник на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад