Лидерите на Г-8 постигнаа согласност за прашањето дали да се исплаќаат откупи во случаи на грабнување, пренесоа француските медиуми.
Шефовите на држави и влади на осумте најразвиени економии на планетата го потврдија своето одбивање да се плаќа откуп во случај на киднапирање нивни државјани од страна на терористи, посочи канцеларијата на британскиот премиер Дејвид Камерон, кој е домаќин на форумот на високо ниво.
Г-8 ги повика и приватните компании да не плаќаат откупи, ако нивни вработени бидат грабнати.