Летот на соларниот авион – доказ дека горивото победи

Од:

Дојче веле – Бон

Штотуку завршениот лет „Солар импулс 2” е навистина атракција, но ништо повеќе од тоа.
Во догледно време тоа нема да биде иднина на сообраќајот. Дури може да се каже дека овој лет откри дека батериите никако не се дораснати на модерниот сообраќај.

Да, точно е: двајца швајцарски пилоти Бернар Пикар и Андре Боршберг успеаја да го остварат својот сон, да го прелетаат цел свет на соларен погон. Појдоа во март минатата година и по 17 етапи и 510 часа лет, стигнаа во Абу Даби од каде и полетаа. Чиста романтика и навистина, причина за малку шампањ.

Меѓутоа, по прославата време е за отрезнување. Бидејќи авионот „Солар Импулс 2” и потфатот кој со него беше изведен не можат само така да се сврстат во галеријата на авијатичарските пионери во која се браќата Рајт и Чарлс Линдберг. Тие беа примери на динамичниот развој на индустријата кои во случајот на соларната енергија или електромобилноста се уште не може ни да биде на повидок.

Браќата Рајт на почетокот на минатиот век во фабричкиот погон правеле примитивни двокрилни авиони вистина во мали серии. Но, со тоа поставија камен темелник на подоцнежниот експресен развој на авио-индустријата. Чекор до седумте милји направи Чарлс Линдберг кога во 1927 година го прелета Атлантикот со моторен авион и тоа по кратка едногодишна фаза на планирање и градење на авионот.

Сериското производство на модерните воени, поштенски и патнички авиони брзо се развиваше од 20-тите години. Недолго по Втората светска војна се воведени редовни прекуокеански линии на млазни авиони, а во 1969 година во која човекот слета на Месечината, полета првиот џамбо-џет.

Масивна логистика

Соларната техника од друга страна не нуди решенија за сообраќајните проблеми на иднината. Наспроти пофалбите кои се бројни, „Солар импулс 2” е само модерен авион и со тоа спортски авион. Тоа не ги менува научните амбиции на техничарите или интересентните сознанија, на пример за тоа како да се произведе што полесен авион кој нема да се сруши на првиот налет на ветер.

Авиончето го обиколи светот бидејќи беше чедо на огромна мрежа обожуватели и донатори, опремено со комплексна модерна технологија. Швајцарските пилоти можеа да сметаат на контролата од земјата, сателитската комуникација, податоците за временските прилики, навигационата техника… Како професионални велосипедисти кои во текот на турите ги следат повеќе автомобили и „Солар импулс 2” имаше голема логистика во позадина.
„Помошниот персонал” мораше да ги провери трасите на конвенционалните авиони. Млазните авиони мораа да испорачаат резервни батерии откако оригиналните се прегреале и откажале на летот од Јапонија до Хаваи.

Сето тоа беше можно поради потта на инжинерите и индустријата. Ако нешто тргнеше на лошо, за двајцата авантуристи ќе полетаа цело јато авиони и хеликоптери да ги бараат/
Затоа токму завршениот лет не е победа на новата технологија. Тој меѓутоа покажува еклатантни недостатоци за електромобилноста и тоа таму каде треба да се поминат големи далечини, денешните батерии со еден збор се неупотребливи.

Победа на горивото

Дури ни најновата генерација на батерии не е доволно добра за повеќегодишна интензивна употреба. Веќе и батериите на мобилните телефони целосно прегоруваат по некои седум години, а ако корисникот е пасиониран ловец на Покемони, тогаш и побрзо. Тогаш како може да лета од град во град? Која авио компанија би се впуштила во експериментот знаејќи дека со тоа влегува во ризична борба со издржливоста на батериите?

Новите успеси во развојот на батериите не можат да замаглат поразувајќи ја вистината: енергијата и понатаму убедливо е најефикасно складиште во течна или гасна форма. Во превод: во класичното гориво, били да е тоа биолошко или фосилно. Уште долго време моторите со внатрешно согорување ќе останат неприкосновени што се однесува до издржливоста и перформансите кои ги нудат.

Електромобилноста ќе има улога само кај многу кратки далечини, на пример кај велосипеди, или таму каде струјата може директно и постојано да се доведува во возилото, како кај трамваите или тролејбусите. А уште никој не измислил далновод за авиони.

Би можело да ве интересира

Соларниот авион „Сончев импулс“ тргна на својата последна етапа од патот околу светот

Емир Латифовиќ

Соларниот авион го прелета Тихиот Океан

Ана Ололовска

Соларниот авион полета од Јапонија кон Хаваи

Ана Ололовска

Поради лоши временски услови „Импулс 2“ слета во Јапонија

Емир Латифовиќ

Авионот „Солар импулс 2“ ја заврши петата етапа од патот околу светот – слета во Кина

Ана Ололовска

Соларниот авион на пат околу светот слета во Кина

Ана Ололовска