„Лекарите без граници“ велат дека нивниот персонал бил сведок на пукање врз луѓето кои се обидувале да побегнат од опколената болница Ал-Шифа.
Операциите во болницата беа прекинати откако остана без гориво, при што најмалку едно бебе почина – а 39 други се соочуваат со сигурна смрт.
Извештаите од болницата претходно велеа дека таа била опкружена од израелски сили – а сега „Лекари без граници“ потврдија дека луѓето кои се обиделе да заминат биле убиени.
Во меѓувреме, Црвениот крст соопшти дека израелските тенкови се на 20 метри од болницата Ал Кудс.
– Тие пукаа директно во зградата и создадоа состојба на екстремна паника, соопшти Црвениот крст.