Снајперисти опколија болница во северниот дел на Појасот Газа, а еден хирург беше повреден од истрел надвор од установата, соопштија Лекари без граници (MSF).
Меѓународната хуманитарна организација која обезбедува медицинска помош вели дека болницата Ал Авда е под опсада на израелските сили од 5 декември.
„Извештаите кои доаѓаат од болницата Ал Авда се шокантни и ние сме сериозно загрижени за безбедноста на пациентите и болничкиот персонал. Да биде јасно: Ал Авда е функционална болница со медицински персонал, во неа има многу пациенти. Напад врз медицинскиот персонал грижата за пациентите е за осуда, тоа е крајно нехумано“, рече Ренцо Фрике од Лекари без граници.