„Лекари без граници“: Повеќе од 20.000 ранети остануваат во Појасот Газа

Од:

Повеќе од 20.000 ранети остануваат во Појасот Газа, соопштија „Лекари без граници“ (MSF), и покрај првите евакуации на палестински пациенти, странци и двојни државјани во Египет.

„Повеќе од 20.000 ранети остануваат во Газа, каде што нивниот пристап до здравствена заштита е ограничен поради блокадата и континуираното бомбардирање од страна на израелската армија“, се вели во соопштението на хуманитарната организација.

„Лекари без граници“ додаваат дека 22 од нивните меѓународни вработени ја напуштиле Газа преку граничниот премин Рафах, побарале евакуација на повеќе луѓе од палестинската територија.

„На оние кои сакаат да ја напуштат Газа мора да им се дозволи да го сторат тоа без да чекаат и без да им се ускрати правото подоцна да се вратат во Газа“, велат „Лекари без граници“, кои повикуваат на „итен прекин на огнот“.

Според египетски функционер, 76 ранети Палестинци и 335 странци и двојни државјани ја напуштиле Газа во средата, во првата операција за евакуација од почетокот на Хамас-израелската војна на 7 октомври.

ОН и невладините предупредуваат на катастрофалната хуманитарна состојба на малата палестинска територија со 2,4 милиони жители.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас