„Лекарите без граници“ соопштија дека денес e нападната една од нивните клиники во градот Газа.
„Во градот Газа, нашата клиника утринава беше под оган. Нашите колеги видоа како се урна ѕид и дел од зградата зафатен од пожар, додека насекаде се водеа тешки борби. На улицата беше забележан израелски тенк“, напишaa на Х од „Лекарите без граници“.
„Четири од нашите автомобили изгореа. Петтиот автомобил, паркиран од другата страна на улицата, беше скршен на два дела како да е згмечен од тежок камион или цистерна. Сите автомобили и клиниката се јасно означени со нашето лого. Член на персоналот и 20 роднини биле на клиниката – нивниот статус не е познат. Над 50 други луѓе, вклучително и нашиот персонал, се во блиските згради, а на еден ранет му е потребна медицинска помош“, велат од „Лекарите без граници“.