Лекари без граници: 5-годишни деца во Газа ни велат дека сакаат да умрат

Од:

Шефот на Лекари без граници (MSF), Кристофер Локјер, изјави пред Советот за безбедност на Обединетите нации дека медицинските тимови во Појасот Газа користат нов акроним: WCNSF – Рането дете, без преживеано семејство. „Децата кои ја преживуваат оваа војна нема да носат само видливи рани од трауматски повреди, туку и невидливи“, изјави генералниот секретар на Лекари без граници, Локјер, пред 15-члената комисија.

„Постојано се раселени, постојано се во страв, а членовите на нивните семејства буквално се распарчуваат пред нивните очи“, рече тој. „Поради овие психолошки трауми, децата на петгодишна возраст ни кажуваат дека повеќе би сакале да бидат мртви“, рече тој. Локјир остро ги критикуваше Соединетите држави, велејќи дека е згрозен што тие постојано го користеле правото на вето за да го спречат Советот да бара итен хуманитарен прекин на огнот во војната меѓу Израел и палестинските милитанти Хамас во Газа.

„На луѓето во Газа им треба прекин на огнот, не кога тоа е изводливо, туку сега. Ним им треба одржлив прекин на огнот, а не привремено затишје“, рече Локјер. САД ставија вето на три резолуции на Советот за безбедност на ОН досега, а последното вето во вторникот го блокираше барањето за итен хуманитарен прекин на огнот и наместо тоа се залагаше Советот да повика на привремен прекин на огнот поврзан со ослободувањето на заложниците кои ги држеше Хамас.

Амбасадорот на Кина во ОН, Џанг Јун, изјави пред Советот дека се чувствува „згрозен“ од брифингот на Локјир. „Се надеваме дека трагичната слика за Газа што тој ја наслика за нас може да допре до совеста на одреден член на овој совет“, рече Џанг.

Соединетите Американски Држави изразија загриженост дека нацрт-резолуцијата на која ставија вето во вторникот може да ги загрози преговорите меѓу САД, Египет, Израел и Катар, кои сакаат да посредуваат за шестнеделен прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Заменик американскиот амбасадор во ОН Роберт Вуд рече дека САД инсистираат Израел да дозволи поголема помош во Газа и му кажа на својот сојузник дека не треба да ја продолжи копнената офанзива во Рафа во јужниот дел на Газа „во отсуство на остварлив план за заштита на цивилите“. .

„Сите сакаме да видиме траен крај на овој конфликт“, рече Вуд. „Брзината на преговорите за заложниците може да биде фрустрирачка… Поддршката на Советот за оваа дипломатија е од суштинско значење за да се зголеми притисокот врз Хамас да го прифати договорот што е на маса“, рече тој.

Британската амбасадорка во ОН Барбара Вудворд го опиша брифингот на Локјир како „болен“. Велика Британија беше воздржана на гласањето во вторникот, додека преостанатите 13 членови на Советот гласаа за резолуцијата подготвена од Алжир.

Словенечкиот амбасадор во Советот за безбедност на ОН, Самуел Жбогар, праша: „Каков совет станавме ако останеме недопрени од шокантниот брифинг што го слушнавме денеска од генералниот секретар на Лекари без граници?

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Глад во Газа, на северот никаква помош нема цели 40 дена

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Глад во Газа: По шест часа се чека за векна леб

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Последните моменти од животот на лидерот на Хамас: го бараа една година, го убија случајно

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нови израелски напади и многу мртви во Газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најмалку 30 мртви во израелскиот напад на бегалскиот камп Џабалија во Газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фотографија на мајка и дете од Газа залепена на слика на Пикасо во Лондон