Лебот во Алепо поскапе за 900 отсто

Од:

Со падот на режимот на Башар ал Асад, хуманитарната ситуација во Сирија останува нестабилна, соопштија Обединетите нации.

Болниците низ Сирија се преполни со голем број пациенти со тешки повреди и трауми, објави Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

Многу луѓе страдаат од огромен психолошки стрес, а особено децата покажуваат знаци на траума, соопшти во вторникот OCHA.

Во многу големи градови, како што е главниот град Дамаск, има недостиг од храна. Од почетокот на офанзивата на бунтовниците, цената на лебот во градовите како Идлиб и Алепо се зголеми за 900 отсто.

ОН проценуваат дека од почетокот на офанзивата на бунтовниците предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), околу еден милион луѓе се раселени во Сирија. Продолжува движењето на бегалците, се наведува.

OCHA предупреди на мински полиња кои го ограничуваат движењето на луѓето и испораката на стоки. Во изминатите 10 дена низ државата се идентификувани најмалку 52 мински полиња.

Би можело да ве интересира

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

(ВИДЕО) Нов израелски напад врз Сирија

Ахмед Ал Шара: Сирија има капацитет да преживее

За два дена во Сирија се убиени повеќе од 1.000 луѓе

Масакр во Сирија: Убиени над 340 цивили, тврди Сириската опсерваторија за човекови права