Лавров: Западот всушност веќе води војна против Русија

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека „Западот практично води војна против Русија во Украина“.

Во интервју во живо за ТВ Соловјов, Лавров на прашањето дали Западот и објавил војна на Русија рече: „Тие веќе ја водат“, пренесува ТАСС.

На прашањето дали е неизбежен директен конфликт со НАТО, Лавров рече дека не е запознаен со плановите на Алијансата.

„Веројатно ќе бидат непостојани. „Или ќе кажат, како Германците, од далечина ќе насочиме смртоносно оружје кон руските градови, или ќе кажат дека тие се само инструктори кои седат и гледаат што прават Украинците“, рече Лавров.

Францускиот претседател Емануел Макрон минатиот месец изјави дека земјите кои ја поддржуваат Украина не треба да ја исклучат опцијата за испраќање свои војници на фронтот.

Изјавата на Макрон предизвика низа одговори од сојузниците кои најавија дека немаат намера да испраќаат војници во Украина.

Би можело да ве интересира

Судот на ЕУ ги потврди санкциите против зетот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Горан Наумовски

Лавров: Нема објективни знаци дека Киев и Западот се подготвени за мировни преговори

Горан Наумовски

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Лавров ги соопшти таргетираните мети во Украина

Лавров: Русија не е задоволна со примирје со Украина, потребни се обврзувачки договори

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лавров: Москва е подготвена да ги искористи сите средства