Лавров: Западот да не ги повторува грешките, потребна е соработка за деескалација во Идлиб

Од:

Западните земји не треба да ги повторуваат сопствените грешки користејќи ги терористите за да ги постигнат своите геополитички цели, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на прес конференција во Москва.

Тој оцени дека надворешните играчи треба тесно да соработуваат во сите фази за да се обезбеди деескалација во Сирија и да се спречи било каква криза.

-Тоа е наша цел во дијалогот со колегите од ЕУ, НАТО и САД, рече Лавров, пренесува Тасс.

Тој истакна дека Москва ја потврдува целосната посветеност на договорите за Идлиб кои ги постигнаа рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган и ја повика Анкара да почне да се однесува во согласност со нив.

Рускиот министер наведе дека договорите се однесуваат на тоа што мора да се направи во зоната за деескалација во Идлиб, односно на одвојувањето на нормалната опозиција од терористите, демилитаризацијата на внатрешниот појас во таа зона на начин никој оттаму да не може да ги гранатира позициите на сириската војска и руската воена база, како и обезбедување на непреченото користење на автопатиштата што минуваат низ таа зона, пренесе руската агенција.

-Тоа останува наша заедничка цел со турските колеги. Од суштинско значење, сепак, е да се почне со спроведување на овие договори, бидејќи работите не се прават како што треба веќе 1,5 година, рече Лавров.

Тој изјави дека Русија и Турција се подготвени да ја продолжат соработката за Сирија.

На прес конференцијата во Москва, Лавров кажа и дека Русија побарала од Сирија да ја прекине офанзивата во Идлиб за да можат да се евакуираат повредените лица. Но, дополни дека Русија не може да ја спречи сириската армија да реагира на терористичките активности во Идлиб.

Би можело да ве интересира

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Западот сака да ја скроти Русија, тоа Наполеон и Хитлер веќе го пробаа

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

„Фирер“, така Лавров ја нарече претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски