Лавров: Воените авиони Ф-16 испорачани на Украина ќе се сметаат за „нуклеарна“ закана

Од:

Воените авиони Ф-16 испорачани на Украина ќе се сметаат за „нуклеарна“ закана од Москва, предупреди рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервјуто објавено денеска.

„Ќе го сметаме самиот факт дека украинските вооружени сили имаат такви системи како закана за Западот во нуклеарна смисла“, рече Лавров во интервју за онлајн весникот Лента.ру, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Русија не може да ја игнорира способноста на овие авиони да носат нуклеарни боеви глави“, рече тој, уверувајќи дека Москва ги предупредила САД, Велика Британија и Франција за тоа.

„САД и нивните сателити во НАТО создаваат ризици од директен вооружен конфликт со Русија, а тоа може да има катастрофални последици“, предупреди тој.

Во мај, САД одобрија испорака на авиони Ф-16 на Киев. Датумот на испорака и нивниот број се уште не се утврдени. Украина во вторникот соопшти дека ќе биде формирана „коалиција“ од 11 земји кои ќе ги обучуваат нејзините пилоти за авионите.

Руската нуклеарна доктрина предвидува „строго одбранбена“ употреба на атомско оружје во случај на напад врз Русија со оружје за масовно уништување или напад со конвенционално оружје „што го загрозува самиот опстанок на државата“.

Би можело да ве интересира

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Лавров ги соопшти таргетираните мети во Украина

Лавров: Русија не е задоволна со примирје со Украина, потребни се обврзувачки договори

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лавров: Москва е подготвена да ги искористи сите средства

Лавров: Постои опасност студената војна да се претвори во жешка фаза

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион