Лавров: Русија нема да крши Договор за ракети од мал и среден дострел

Од:

Русија нема намера да го крши Договорот за ракети од мал и среден дострел, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Тој напомена дека САД досега не ги конкретизирале своите обвинувања за наводно руско кршење на тој договор.

– Тоа е несериозно. Подговтвени сме да разговараме за конкретни докази кои им даваат основа на САД да претпостават дека нешто сме прекршиле, оцени тој на прес конференција.

– За жал, имавме две рунди консултации – минатата есен и оваа година. Ниту во подготовките за консултации ниту за време на консултациите американските колеги не ги конкретизираа своите сомнежи, нагласи Лавров.

Договорот за уништување на проектили од среден и мал дострел САД и СССР го потпишаа во 1987 година. Двете држави се обврзаа да ги уништат целосно своите ракети од среден (радиус од 1.000 до 5.500 км) и краток дострел (500 до 1.000 километри). Договорот е исполнет во 1991 година, а до 2011 година вршени се взаемни инспекции.

Би можело да ве интересира

Лавров: Европските лидери кои беа против прекинот на огнот се предомислија

Лавров: Спремни сме за нов договор за Црното Море ако Зеленски истиот го почитува

Западот сака да ја скроти Русија, тоа Наполеон и Хитлер веќе го пробаа

Путин го одликува Лавров на неговиот 75-ти роденден

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

„Фирер“, така Лавров ја нарече претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски